Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Здрави комбинации храна

Нутриционистите често зборуваат дека здравјето и добрата линија се поврзани со комбинацијата на храна.

Ви нудиме четири комбинации на состојки кои се здрави имаат нутриционистичка вредност која е добра за вашиот организам

Банана и путер од кикирики

Едноставно, јаглените хидрати од банана нудат брза енергија, со додатна доза калиум кој помага во заштитата на срцето, додека протеинот во путерот од кикирики го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Јајца и сирење

Јајцата се богати со витамин Д, кој ја потикнува апсорбцијата, додека сирењето е богато со калциум. Резултатот на оваа комбинација помага за густината на коските, појаки мускули и брзо варење.

Спанаќ и сок од лимун

Оваа комбинација помага да се оптимизира апсорпцијата на железо во ќелиите. Повеќе од две милијарди луѓе на светот имаат ниско ниво на железо, а тоа создава висок ризик од мозочен удар. Поголем внес на железо може и да го намали уморот во мускулите и да го забрза нивното регенерирање.

Јаболко и темно чоколадо

Конзумирање на мали количини на темно чоколадо секој ден доведува до значително намалување на крвниот притисок. Во комбинација со јаболко е одлична за кардиоваскуларниот систем. Оваа комбинација формира антиоксидативни електрони кои спречуваат згрутчување на крвта.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement