Ароматичниот зачин има уникатни својства да ја подобрува меморијата.
Есенцијата од рузмарин ја зголемува веројатноста луѓето да се сеќаваат дека треба да направат одредени работи со 60-70%. Зарем тоа не е сериозна предност? И е само почеток! Бидејќи овој производ ја засилува долгорочната меморија и будноста на човекот. Па, веќе знаеме што да ставиме на масата наместо кафе. Или барем – до омиленото кафе.
“Сакавме да го надградиме нашето претходно истаржување, кое покажа дека мирисот на рузмарин долгорочно ја подобрува меморијата, вклучувајќи ја и вештината да се сеќаваме на настани кои ќе се случуваат во иднина, и да завршиме одредени задачи во одредено време – споделува еден од истражувачите во новата студија д-р Марк.
Во експериментот учествувале 66 целосно здрави доброволци. По неколку тестови, било повеќе од јасно – мирисот на рузмарин се одразува одлично на меморијата и го подобрува расположението, правејќи го човекот повеќе концентриран.

You must be logged in to post a comment Login