Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Врколак Диета: Јадете според лунарниот календар и ќе слабеете по 3 килограми на ден

До скоро непозната лунарната исхрана полека добива на популарност, бидејќи Мадона и Деми Мур одлучија да ја практикуваат. Оваа диета е позната како” врколак диета” и се базира на идејата дека Месечината влијае на водата во нашето тело, на ист начин како што тоа влијае на плимата и осеката во океаните, и на тој начин може да помогне во губење на тежината.

Некои сајтови тврдат дека со користењето на оваа диета можете да изгубите до 3 кг на 24 часа. Иако постојат безброј варијации на оваа диета, сите се врз основа на прочистување на телото со користење на течности, неколку дена месечно за време на полна или млада месечина .

Фановите на оваа диета тврдат дека Месечината има исто гравитационото дејство на вода во телото , како и на водата во океаните. Тие велат дека има зголемено влијание има за време на полна и млада месечина, што предизвикува да се прочистат сите токсини од телото, што прави полесно да ја изгубат тежината. Препорачливо во тие денови е пиење вода и сокови.
Vrkolak dijeta 22.03_2
Критично е да се започне со диета истиот ден кога започнува Месечевата фаза. Ако новата фаза започнува во средината на денот, можете да јадете се она што ќе посакате се до таа минута, а потоа почнува еден режим кој трае 24 часа.

Веб-страницата објаснува дека Месечината влијае на водата во вашето тело и помага во детоксикацијата и  губењето на тежина.

Колку повеќе течност ќе пиете тогаш, Месечината ќе влијае, силно врз вас, за да го отстраните вишокот на водата од телото. Таа ќе биде исфрлена надвор заедно токсините кои се складираат во телото, поради нездравата храна, лошото варење на храната и стресот, а тоа ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Покрај тоа, за 24 часа може да се изгубат и до 3 кг, поради количината на вода што ќе исфрлите надвор – велат на овој сајт.

Речиси сите варијации на оваа диета се базираат на прочистувањето на организмот со течности, вода и природни овошни сокови , за само неколку денови месечно.

Повеќето од сајтовите истакнаа дека оваа диета не треба да се практикува повеќе од три дена по ред, но некои сајтови кажуваат дека може да се држи и до шест дена – што е многу подолго отколку тврдењето на повеќето дијетичари, што велат дека тоа е безбедно.

Многу од експертите стравуваат дека оваа диета и не е толку ефикасна. Иако заради прочистувањето со течности и сокови ќе се чувствувате полесно, вие одвај ќе изгубите повеќе од половина килограм.

Покрај тоа, не постои веродостоен доказ дека Месечината влијае на содржината на водата во нашите тела, ни дека со воздржувањето од храна по моделот на месечевите фази, ќе ни помогне во губењето на тежината.

– Ако месечината има влијание врз намалување на количината на вода во телото , ефектот е само привремен, бидејќи ќе ја изгубите тежината, ако го изгубите вишокот на масно ткиво, не мастите. Било која диета , што ги ограничува калориите ќе резултира со губење на тежината, и ова е уште една диета, која треба да се следи за краток период. Со овој вид на исхрана треба да бидете внимателни и да знаете, дали сте болни од нешто, бидејќи во тој случај не можете да намалите одредени хранливи материи – вели Жанет Кросланд од британското диететско друштво .

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement