• Сподели на:

Виното ги прави сперматозоидите појаки

___

Судејќи по резултатите на неодамна спроведеното истражување, мажите кои пијат вино најмногу три пати неделно имаат поквалитетни сперматозоиди.

Научниците од полскиот институт за медицина „Nofer“  ја надоврзаа својата работа на поранешна студија на своите британски колеги кои тврдеа дека алкохолот и тутунот не влијаат на здравјето на сперматозоидите. Учесниците во истражувањето кое го спровеле полските научници умерено конзумирале вино, што резултирало со „јакнење“ на спермата, а центрите кои се бават со контрола на оболување се сложуваат дека под умерено внесување на алкохол се смета во просек два пијалока дневно.

Исто така, откриено е дека опуштањето во слободното време, конзумирањето на кафе и носењето на боксерки можат да влијаат на јачината на сперматозоидите.

„Резултатите до кои стигнавме покажаа дека животниот стил во голема мера може да го промени квалитетот на телесната течност“, заклучи тимот научници објавено во магазинот „Системите на биологијата во репродуктивната медицина“.


Оставете коментар

___