Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Три големи грешки што ги правиме во ВЦ

Беројатно не сте ни свесни за грешките што ги правите при одењето во ВЦ, но тие не се ниту малку безопасни и можат да предизвикаат инфекции и иритација. За да го спречите тоа откријте кои се тие три големи грешки и како можеме да ги поправиме.

1. Предолго седиме
Често се случува да имаме потреба да одиме по голема нужда, но тоа не оди толку лесно. Затоа долго седиме на ВЦ-шолјата и се напрегаме, а тоа е голема грешка затоа што на тој начин поттикнуваме развој на хемороиди.

Ако имате ваков проблем не седете без потреба во очекување, туку станете, малку прошетајте низ станот зашто на тој начин побрзо ќе го натерате системот за варење да проработи.

2. Премногу се бришеме
Тоалетната хартија ја иритира перианалната кожа, а тоа доведува до јадеж и до воспаление. Доволно е да се избришете еднаш или два пати, а ако ви е потребно повеќе тоа значи дека веројатно не сте се испразниле до крај. Одберете мека тоалетна хартија без дополнителни мириси и парфеми.

3. Се бришеме во погрешна насока
Многу жени ја прават оваа грешка несвесно и се бришат одзади нанапред. Така ги пренесуваат бактериите од ректумот кон мочниот канал.

За разлика од мажите, кај жените мокрачната цевка е кратка па бактериите побрзо и полесно допираат до бешиката и предизвикуваат уринарни инфекции. Затоа секогаш бришете се од напред кон назад.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement