Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Течна диета – само за најиздржливите

Течната диета е многу ефикасна и овозможува брзо слабеење за краток временски период. Диетата може да се држи најмногу две недели и за овој период можат да се изгубат 10-15 кг.

Оваа диета, како и другите диети што доведуваат до брзо губење на тежината не е многу здрава и затоа треба да се држи што е можно пократко време. Со неа брзо се слабее така што ќе ви бидат доволни неколку дена да се ослободите од несаканите килограми, да го прочистите организмот и да се подготвите за внесување помали количини храна во иднина.

Оваа диета е добра затоа што помага да се намали желудникот по обем и по завршувањето на диетата ќе можете полесно да ја контролирате тежината и апетитот. Едноставно нема да ви биде потребно толку храна колку што сте јаделе претходно! Инаку, просечно, во стомакот внесуваме два пати повеќе храна одошто ни е потребно поради што тој се проширува.

Течната диета, како што кажува самото име, подразбира внесување исклучително на течна храна: сокови, супи, млечни производи, растителни чаеви и вода. Вкупната количина на течности што се внесуваат дневно не треба да надминува три литри.

План за исхрана

9:00 – една чаша чорба од овес
10:00 – една чаша од растителен бујон (бистра исцедена супа)
11:00 – една чаша топла превриена вода
12:00 – една чаша овошен сок разреден со вода, пола-пола
13:00 – една чаша топла превриена вода
14:00 – една чаша млеко
15:00 – една чаша растителен чај без шеќер
16:00 – една чаша месен бујон без сол
17:00 – една чаша топла превриена вода
18:00 – една чаша топла превриена вода
19:00 – една чаша овошен сок разреден со вода, пола-пола
20:00 – една чаша топла превриена вода
21:00 – една чаша кефир (со помалку од 2% маснотии)

Три дена по завршувањето на течната диета

Прв ден: се јаде само варен зеленчук, во мали порции
Втор ден: чинија варен зеленчук, заедно со течноста од варениот зеленчук, и едно парче леб, за вечера свежи моркови и зелка
Трет ден: се враќате на нормална исхрана, но без мрсна храна и леб.

Кога ќе го вклучите и лебот во исхраната потрудете се да го ограничите на 2 парчиња дневно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement