Стресните ситуации се оп0асни по здравјето на срцето, докажуваат новите истражувања.
Проблемите и долготрајниот стрес го зголемуваат нивото на хормоните кои влијаат на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Овие хормони можат да предизвикаат гнев, беспомошност и иритација кои го оштетуваат срцето исто колку и алкохолот и цигарите.
Кардиолози од Њујорк предупредуваат дека стресот и емоциите поврзани со него го оштетуваат кардиоваскуларниот систем. Резултатите се постигнати по анализа на 200 000 луѓе, кои страдале од пост-трауматски стрес растројство.
Во почетокот на експериментот сите биле здрави, но две години подоцна покажале наклоност кон дијабетис, висок крвен притисок и шеќер во крвта.
Стресни ситуации вклучуваат развод, намалување на работа, намалување на плата, силување, грабежи и природни катастрофи.

You must be logged in to post a comment Login