Никогаш повеќе нема да ја заборавите листата на намирници.
Потешко е да запамтите нешто ако само го слушнете, отколку ако го видите или го допрете, кажуваат истражувачите од универзитетот во Ајова.
Истражувачите на испитаниците им претставиле предмети со различни секојдневни звуци, видео снимки и допирање, а потоа ги прашале испитаниците да се присетат на информацијата. Резултатите биле исти и по еден саат, ден и недела. Тие приметиле дека кога е во прашање сеќавање на одредени работи, аудиовизуелните презентации може да има голема улога.
Потребни се повеќе истражувања да видиме како аудиовизуелните презентации ја стимулираат меморијата, кажува коавторот на студијата Џејмс Бигели. Во меѓувреме, изострете ги своите вештини со симболично уредена техника.
Нареден пат кога ќе треба да ја запомните листата со намирници, Бигели советува да се користи следната метода :
Прво, замислете некое познато место, како на пример својот дом. Прошетајте низ собите и поделете ги ставките кои треба да ги запомните по логични места – тоалетна хартија во купатило, сијалица во двневна соба, шеќер во кујна… Кога сте во продавница, “посетете” ги сите соби за да се присетите на ставките од листата.
Оваа логична стратегија може да ја користите и за други работи, само запомнете ја.

You must be logged in to post a comment Login