Градникот не треба да го носите повеќе од 12 часа дневно, а за да останат градите високи и цврсти неопходно е да ги вежбате градните мускули, да ја одржувате килажата, масирате градите и да се храните здраво.
Градите и другите делови од телото, неизбежно стареат со текот на годините, и токму поради тоа што тие се еден од главните женски адути, ова ги засега сите припаднички на поубавиот пол. Но, не грижете се, вие може да го забавите овој процес со следниве совети:
На изгледот на градите подеднакво влијаат гените и начинот на живот
Големината на градите и брзината со која “ќе се спуштат надоле”, се во голема мера определени со генетиката. Како по правило, поголемите гради побргу ќе се спуштат од помалите. Просечните гради тежат од еден до два килограма и во просек, од младоста до староста се спуштаат 11 сантиметри. Сепак, експертите велат дека со помош на здрави навики, спуштањето на градите може да се оддолжи и ублажи.
Градните мускули ги држат градите
Кревањето тегови и склековите се најдобриот тренинг за градните мускули, чија задача е придржување на градите. Од друга страна, претерување со одреден тип на вежби, како што е трчањето, може да го наруши изгледот на градите. Потскокнувањето, особено на поголемите гради е најголем проблем, бидејќи резултира со истегнување на лигаментите и сврзното ткиво. Затоа, носењето на спортски градник за време на физичка активност е задолжително.
Наглото зголемување или губење на телесната тежина највеќе го менува изгледот на градите
Секоја промена на тежината се рефлектира во изгледот на градите и кај повеќето големината варира за еден број, ако изгубите до седум килограми. Наглото варирање на тежината предизвикува пукање на сврзното ткиво, може да резултира со стрии и е главен виновник за виснати гради. Експертите советуваат постепено губење на тежината и редовно вежбање за да се спречи овој ефект.
Градник кој се вклопува е од исклучително значење
Според различни студии, околу 80% од жените носат погрешна големина на градникот. Најчестата грешка е носење на градник со помали корпи (градникот се крева преку градите) или премногу голем, па градникот се крева високо на грбот. Градникот е важен за поддршка на градите, но експертите велат дека треба да го носите околу 12 часа на ден. Ако се градите поголеми, во тој случај треба и прерамките на градникот да бидат пошироки.
Масажата на градите и хидратацијата на кожата го чуваат младешкиот изглед
Како и на остатокот од телото, кожата на градите бара секојдневна хидратација. Нежна масажа 10-ина минути во кружни движења ќе помогне за циркулација, што е важно за сврзното ткиво и ќе им овозможи поголема флексибилност на градите. Исто така, оваа масажа се користи и за само-испитување, што е многу важно во раното откривање на ракот и одржување на здравјето на градите.
Цврстината, исто така зависи и од циклусот
Естрогенот е главниот женски полов хормон кој влијае на изгледот на градите. Првенствено, тој го предизвикува растот на градите и ги регулира промените во текот на менструалниот циклус. Секој месец пред менструација градите растат како еден вид на подготовка на телото на можна бременост. По менопаузата, овие жлезди се сушат во градите, поради што тие стануваат помеки, и тоа е процес на кој може да се влијае само со хормонска терапија, велат експертите.
Нема страв од доењето
Доењето често се смета за виновник за виснати гради, но научните студии не нашле докази за такви врски. Се покажало дека жените кои не доеле немаат поцврсти гради од оние кои биле доилки. За ова првенствено е одговорно екстремното ширење и собирање на млечните жлезди во текот на бременоста. Експертите советуваат дека на тоа може да се влијае со одржување на здрава тежина во текот на бременоста и постепено зголемување и намалување на телесната тежина.
Градите сакаат витамини и вода
Здравиот начин на исхрана е важен сојузник против виснати гради, особено важни витамини се А, Е, Д и омега-3 масни киселини и внесувањето на 1,5 литри вода на ден. Бидејќи градите се направени од колагенски влакна, најголеми непријатели на нивниот изглед се изложеноста на UV зрачење и никотин, велат експертите. Редовното нанесување на заштитна крема и престанување со пушењето е важен чекор во заштитата на убави гради.




You must be logged in to post a comment Login