Еве ги застрашувачките факти – ефектот на генетски модифицирана храна на човечкото тело никогаш не е научно оценет – но 80 проценти на нашата спакувана храна содржи ДНК манипулирачки состојки.
Да биде уште полошо, генетски модификуваната храна не е означена како таква, што го отежнува вашиот напор да ја избегнете.
Научниците генетски модифицираат разни култури (земјоделски) се со цел да ја подобрат отпорноста на растенијата од разни штетници, покачивањето на приносот и смалување на времето за созревање. Проблемот е што не знаеме како овие намирници влијаат на нашето здравје.
Џејсон Калтон, нутриционист кој студирал на Харвард и Јејл, коавтор на книгата “Богата храна, сиромашна храна” со сопругата Мира, ја истакнува потенцијалната опасност од ГМО производите. Неговиот совет е да се држиме до органски, свежи намирници или оние кои се одгледуваат локално за да ги избегнуваме ГМО производите. Запомнете дека индустриски добиеното млеко, месо и риба често потекнуваат од животни хранети со ГМО пченка, луцерка или соја. Иако ГМО производите не се обележани, Калтонови велат дека костои трик кој може да ви помогне да ги препознаете ГМО овошјето и зеленчукот. Побарајте број на налепници од производот, кој се вика PLU (Product Lookup Number). Ако на PLU бројот е четирицифрен кој почнува со 3 или 4, тоа значи дека производот не е ГМО но настанал на фарма која користи хемикалии и пестициди. Доколку бројот на налепницата има пет цифри кој почнува со 9, тоа значи дека производот е органски, без хемикалии, пестициди односно без генетски модификации. Овие можете да ги купите со мирна совест. Но доколку производот означен со пет цифрена бројка и почнува со 8, тоа се ГМО намирници. Тие се неприродно одгледани со примена на генетска модификација.
Поради фактот каде ГМО производите се широко распостранети и вообичаено не се обележани, скоро е невозможно да ги избегнете во потполност. Ретко може да се модифицирани следните: лук, ананас, авокадо, грашак, манго, син домат, киви, диња, зелка, сладок компир, грејпфрут, лубеница и печурки.
Производи кои имаат многу повеќе шанси да бидат генетски модифицирани се: јаболки, целер, пиперки, праски, јагоди, грозје, спанаќ, зелена салата, краставици, боровници, компир, боранија, портокали, пченка, вишни и љути пиперки.

You must be logged in to post a comment Login