Секојдневното готвење знае да биде многу досадно, особено кога ќе си дојдеме уморни и гладни од работа.
Мали залаци
Сузан Гоин, главен мајстор во познат ресторан во Лос Анџелес вели дека е убаво да ги задржите т.н. мали залаци, finger food, односно храна која се јаде со прсти, и која можете повторно да ја подгреете. Кога подготвувате пица, брускети или слични закуски, ставете ги во фрижидер и изедете ги другиот ден. Доволно е да ги подгреете и да уживате, а некои од нив правилно подготвени можат да потраат и неколку дена.
Искористете ги намирниците до крај
Главната ѕвезда на ресторанот Dream Away Lodge, Ејми Лавлес, се обидува да ја искористи секоја намирница до крај. Па така на младиот компир секогаш остава кора, бидејќи е повкусен по печењето на тој начин. Истиот принцип можете да го примените и на друг зеленчук, како краставица за салата или со доматите и морковите ако се домашни.
Заштеда на време за подготовка
Кога правите брзо јадење, големи се шансите дека ќе користите лук. Иако е идеален, бидејќи дава одличен вкус на многу јадења, треба да се исчисти и исецка. Брук Восик, главен готвач во хотелот Bristol Lounge и во Four Seasons Hotel во Бостон, има брзо решение во ваквите прилики. Лукот и другите намирници може да се изрендаат, па побрзо ќе бидете готови со подготовка. Стиснете го со рака за да ја отстраните лушпата и тогаш ќе ви бидат потребни само рацете и рендето.
Кога сте гладни, гответе едноставно
Авторот на книгата ‘Sunny’s Kitchen: Easy Food for Real Life’, Сани Андерсон, вели дека никогаш не оди во ресторан кога е гладна, бидејќи побрзо ќе подготви нешто дома. Постојат многубројни намирници кои можете многу брзо да ги подготвите. Потенко парче месо, нема потреба да се пече со часови, а рибата е готова многу побрзо. Додадете на тоа тестенини или ориз со малку салата и вечерата е подготвена.
Ништо без остри ножеви
Главниот готвач на италијанскиот ресторан Culina во Беверли Хилс, Мет Вилијамс смета дека ништо не може добро да се подготви ако немате остри и квалитетни ножеви. Со добри ножеви ќе бидете поефикасни, бидејќи секоја намирница побрзо се сече и се подготвува за готвење.

You must be logged in to post a comment Login