Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Со морска сол против грип и настинки

Лекувањето со морска сол е познато уште одамна во народната медицина. Познато е дека солта се користи при лекување на редица болести, но она во што е вистински ветеран е борбата против настинките и грипот. А оваа зима дефинитивно имаме потреба од нешто сосема природно и при тоа лековито.

Експертите советуваат да си правиме често топла купка со морска сол. За да подготвите лековита купка потребно е да исипете околу 300 грама сол  во 200 литри топла вода. Најсоодветно време за тоа е вечерта – 2 часа после вечера и еден час пред спиење. Пожелно е температурата на водата да биде 37-38 степени целзиусови.

Солта влијае позитивно и на нервниот систем при што го намалува стресот, заморот, го нормализира сонот и го зголемува тонусот на организмот.

Друго домашно лекарство подготвено од морска сол се капките за нос. Ако страдате од синузит или носот често ви е запушен, можете да ја пробате следната варијанта: исипете 3-4 лажици морска сол во половина литар врела вода на што ќе додадете и една мала лажичка сода бикарбонат. Оставете да врие десетина минути, а откако ќе се олади течноста се чува во стерилен стаклен сад. Со помош на пипета или дозер капнете од растворот по две капки во секоја ноздра неколку пати во текот на денот и веднаш ќе почувствувате олеснување.

Штом немаме море ќе се задоволиме и со дел од неговите полезни дарови. Освен што е многу поевтина од лекарствата, солта е пред се природна и мултифункционална.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement