Како што веќе знаете, водата е еден од основните животни елементи. Човечкото тело содржи помеѓу 50 и 80 проценти вода. Дел од водата во телото зависи од полот, староста и мускулите и мастите кои се наоѓаат во него. Мажите често имаат повеќе вода во телото, бидејќи имаат повеќе мускулно ткиво во кое водата зазема околу 70 проценти, додека од масното ткиво водата содржи 25-30 проценти.
Дали сте подебели или не, маж или жена, оваа течност е многу важна за функционирањето на вашиот организам и треба секојдневно да се внесува. Покрај тоа што ја намалува дехидратацијата постојат уште многу позитивни особини на овој напиток:
– значително ја намалува појавата на камен во бубрег.
– во голема мерка го спречува грчењето на мускулите.
– помага во апсорпција и транспорт на хранливи материи низ телото како и исфрлување на штетни материи од организмот.
– ја одржува телесната температура
– овозможува нормално функционирање на телото.
Колку вода ни е потребно?
Секоја личност има своја мерка за дневен внес на течности. Зависи од физичката активност и старост. Дневно би требало да се внесува од два до три литра вода, а доколку се занимаваате со некоја физичка активност препорачаната количина се зголемува.
Вода треба да се пие наутро, после физички напор, после секој оброк но и секогаш кога ќе осетите дека ви е потребна.
Можат ли соковите да ја заменат водата?
Соковите и останатите напитоци содржат вода во значителна количина, но скоро секогаш содржат и шеќер. Шеќерот кој го содржат соковите би требало да се намали така што оваа алтернатива не треба да стане секојдневие.

You must be logged in to post a comment Login