Многубројните животни услови влијаат на секојдневното внесување на токсини во организмот. Животната средина, исхраната, како и воздухот можат да влијаат на преоптеретување на организмот, а заради нередовните физички активности тие во вашето тело можат да се задржат многу долго и да предизвикаат здравствени проблеми. Доколку забележите некои од следните симптоми, мудро е да започнете да се храните поздраво и да се посветите повеќе на физичките активности.
Физиолошки потреби
Колку почесто одите во тоалет толку повеќе токсини има во вашиот организам. Меѓутоа, не плашете се затоа што така ги исфрлувате од организмот. Доколку не дојде до нивно отфрлување тие можат да се вратат и да стигнат до крвотокот и да предизвикаат многубројни здравствени проблеми. Препорачливо е да пиете повеќе чаеви и вода да го подобрите варењето.
Лош здив
Лошиот здив настанува заради бактериите во устата, но може да настане и заради неправилна работа на цревата и црниот дроб. Во вакви случаеви, најдобро е да користите „чистач” за јазик кој го има во аптеките, почесто да користите кориандер и зелен чај.
Чувствителност на мириси
Ако телото ви е преоптеретено со токсини можете да станете чувствителни на мирисе, најчесто на хигиенски производи кои содржат парфем и мирис од цигари. Проблемите со црниот дроб можат да влијаат така што ги изоструваат сетилата за мирис и вкус, а тоа може да резултира со главоболка.
Константни проблеми со тежината
Хормонската нерамнотежа, неизедначена и нездрава исхрана може да влијае на константните проблеми со прекумерна тежина, односно тешко елиминирање на истите. Хранете се здраво, консултирајте се со својот лекар за здрава диета погодна за вашиот организам, пијте вода и чаеви и бидете поактивни.

You must be logged in to post a comment Login