Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Прва помош при запушен нос! Ова проверено делува!

Намалете го греењето во спалната соба,уклучете го навлажнувачот,исчистете го носот со растворот кој сами сте го направиле и јадете зачинета храна за да можете мирно да спиете.

Најчеста причина за запушен нос и отежнато дишење кроз него во текот на ноќта е сувиот воздух во просториите кои се греат, а тоа и штети на слузокожата на носот. Едноставно решение е поставување на навлажнувачи на воздухот. Доколку повеќе сакате природни решенија на радијаторите поставете мокри крпи или некој сад со вода кој што исто така може да помогне.

Што почесто треба да ги проветрувате просториите во кои спиете, да го намалите греењето или потполно да го исклучите во текот на ноќта,што ќе овозможи полесно заспивање и дишење низ нос.

Терапија со пареа

Зовриете вода и ставете ја во широк сад, па во неа додадете две до три капки масло од еукалиптус. Можете да користите и масло од нане, камилица или чајно дрво. Покриете ја главата со голем пешкир. Затворете ги очите и нежно вдишете од пареата.

Миење на носот

За припремање на растворот за миење потребна ви е дестилирана вода,кујнска сол,сода бикарбона и пумпица за нос или пластичен шприц кој можете да го купите во аптека. Измешајте пола лажиче сол со две малечки шољи млака вода и прстофат сода бикарбона. Растворот ставете го во шприцот и со него измиете го носот  над мивалникот. Додека тоа го правите,дишете на уста. Доколку користите пумпица за нос,постапката е иста,а после чистењето полека издувајте го носот.

Лутата храна е брзо решение

Ренот,чили пиперчињата,пикантните варива и супите зачинети со бибер се многу брзо решение за отварање на дишните патишта,посебно ако ги јадете топли. Исто така може да ви помогне и лукот кој треба да го исецкате и да го мириснете,а освен солзи ќе поттикне и течење на носот. Сличен ефект има и црниот ким, чии семки треба да се издробат  и да се замотаат во газа. Ставете ги блиску до носот длабоко вдишете, но сметајте и на тоа дека освен течење на носот може да дојде и до благо пецкање, по кое следи ослободување на дишните патишта.

Подигнување на главата помага

Ако и понатаму ги имате симптомите на запушен нос во текот на ноќта, пробајте да ставите повеќе перници под глава. Ако е главата повисоко во однос на срцето помали се шансите да дојде до запушување  на дишните патишта.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement