Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Правите стомачни вежби секој ден и пак, сало на стомакот, зошто?

Зошто стомачните вежби не ви делуваат и не ве менуваат.

Правите стомачни вежби секој ден и пак, сало на стомакот. Изведувањето на стотина стомачни вежби дневно нема никаква врска со постигнување на дефинирање на стомачните мускули. Зошто? Затоа што додека не ги стопите масните наслаги од стомакот, може да заборавите на дефинирањето на стомачните мускули.

Вежбите за активирање на стомачните мускули едниставно не трошат ни приближно толку калории колку што е потребно да ги стопите маснотиите од стомакот. А работата да биде потешка, локалното топење на маснотиите не е можно, зашто нашето тело секогаш функционира интегрално, никогаш изолирано.

Единствено нешто што ќе го постигнете со правење на 100-на стомачни вежби дневно се поцврсти стомачни мускули. Но цврстината и дефиницијата на мускулите, за жал, немаат голема врска едно со друго.

Што тогаш треба да направите?

Всушност, ништо толку не е комплицирано.

Прво, поминете на полесна исхрана, односно ослободете се најмалку за 300 – 500 килокалории дневно. Тоа значи храната да ја збогатите со природни намирници со високо термички ефект, какви што се чистото месо и рибата, и со намирници кои содржат вода какви што се зеленчукот и овошјето.

Второ, почнете со интензивен аеробик тренинг. Аеробик тренингот треба да биде најмалку три пати во неделата.

Трето, бидете трпеливи. Поголем број на луѓе се откажуваат од посакуваната цел само затоа што се нетрпеливи, а всушност се наоѓаат на многу добар пат.

Според тоа, главен заклучок е дека ако сакате да имате убав и рамен стомак со дефинирани мускули, заборавте ги само стомачните вежби и посветете се дополнително на горенаведените правила. Со нивна примена успехот и е загарантиран.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement