Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

После ова веднаш ќе посакате да јадете зачинета храна

Иако ни е познато дека многу зачинета и љута храна е нездрава, некои интересни податоци ќе ви го докажат спротивното. Зачините богати со антиоксиданси ги уништуваат канцерогените состојки, штитат од респираторни болести и го разбиструваат умот.

Еве зошто љутите зачини се добри

Може да потикнат и да ги подобрат резултатите од држење диета

Зачин: Црвена љута пиперка (чили)

После јадење на храна зачинета со црвена пиперка се конзумираат 75 калории помалку, покажале бројни студии. Истражувања спроведени на Универзитетот Пордуа откриваат како состојките од љута црвана пиперка познати како capsaicinoidi (што ја даваат таа сензација од вкус како да ви гори устата), ја смалуваат желбата за масна, солена и слатка храна.

Љутата пиперка има и уште еден благодет во согорување на мастите во телото. Кога тие состојки ќе дојдат во цревата, праѓаат сигнали до телото и го засилуваат согорувањето на мастите, ја појачуваат телесната температура со што калориите побрзо согоруваат.  Таа е препорачлива во мали количини. Пола чајна лажичка во едно јадење.

Помагаат за полесно дишење

Зачин: Куркума или поточно жолтиот пигмент кој се вика куркумин

Векови источните доктори ги лечеле своите пациенти со куркума од распираторни проблеми. Конечно и западната медицина доаѓа до резултати базирани на истражувања врз животни, дека тој зачин ги штити белите дробови од иритација, загадување од пушење, прашина, вируси. Ја смалува можноста од појава на распираторни проблеми, астма, ларингитис, бронхитис и други болести на дишните органи. Куркумата е најдобро да ја додавате при крај на самото готвење, да ги зачувате максимално нејзините лековити состојки.

Зачините можат да ви го прочистат умот, буквално

Зачин: рузмарин, цимет и зелено нане.

Иако истражувањата се сеуште во рана фаза, постојат докази дека овие зачини лечат симптоми на Ајцхмерова болест или го успоруваат нејзиното напредување. Кај некои од глувците на кои се вршени истражувања им се давани високи дози рузмарин и зелено нане, со тоа им е подобрено памтењето и тоа кај животни кои губеле меморија со тек на годините. Антиоксидантите од тие зачини можат да го намалат стресот во мозокот со што се контролира памтењето и способноста за учење. Со оглед на тоа дека истражувањето е во рана фаза, стручњаците пропорачуваат да се користат количини кои се препорачуваат во готвењето.

Можат да ги неутрализираат  штетите во организмот предизвикани од високо масни јадења

Зачин: Куркума, оригано, цимет, рузмарин, љута пиперка, лук

Истражувањата при Универзитетот Пенсилвенија покажало како едно јадење од пилешко месо во сос со кокос и ружи, сирење и кекси можат за 10 пати да го покачат нивото на триглицеридите и нивото на инсулин во крвта.

Додека истото јадење со мала доза на зачини како кари во сосот или цимет во десертот даваат потполно други резултати. Нивото на триглицериди паднало до 30%, а растот на инсулин до 21%. Куркумата и лукот содржат антиоксиданти кои го регулираат инсулинот. Најпрепорачано е да се користат две лажички од тие зачини во едно јадење.

Ги намалуваат канцерогените состојки во месото на скара

Зачини: рузмарин, куркума, кинески ѓумбир, галангал

Во месо на скара подготвено над 200 степени настануваат хетероциклични амини (HCAs), кои се поврзуваат со одредени видови тумори, рак на гради, простата и јетра. Според Универзитет Канзас маринирање или премачкување на местото во рузмарин го намалува настанувањето на HCAs и до 70%. Сличен ефект имаат и тајландските зачини кои имаат ефект до 40% во редуцирање на хетероцикличките амини. Антиоксиданските од тие зачини ги блокираат токсините.

При готвење на скара избегнувајте ги благите сосеви кои ги покачуваат HCAs, поради изложеноста на шеќерот на висока температура. Зачините треба да се користата во количина доволна да се премачка месото од двете страни.

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement