Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Подмладете се со помош на морска сол

Жените често трошат големи суми на пари за скапи маски за лице, но всушност она што најмногу ќе ви помогне нема да ве чини ништо.

Морската сол има навистина зачудувачко дејство врз нашата кожа и благодарение на неа ќе изгледа помладо и посвежо.

Со помош на овие рецепти во вашиот дом ќе си направите уште подобри производи:

1. Маска за лице

Солта и медот имаат против воспалително дејство и ги смируваат иритациите на кожата. Тие и помагаат на кожата да го одржи потребното ниво на маснотии и хидрираност.

Рецепт: Измешајте 2 кафени лажички морска сол (ситно измелена) и 4 кафени лажички мед и мешајте додека да добиете хомогена смеса. На овој начин подготвената маска нанесете ја на лицето (кожата на лицето треба да биде чиста и сува), но избегнувајте го делот околу очите. Маската држете ја 15 минути и исплакнете ја со млака вода.


2. Пилинг за подмладување

Морската сол е одлично средство за пилинг, а во комбинација со алое вера ќе ја направи кожата помлада.

Рецепт: Измешајте ½ чаша морска сол, ¼ чаша сок од алое вера и ¼ чаша масло во избор (на пример маслиново) и 10 капки масло од лаванда. Оваа смеса користете ја како пилинг.


3. Пилинг за тело

Морската сол одлично ги отстранува мртвите клетки од кожата, а содржи и минерали кои во ист момент ја хидрираат.

Рецепт: Измешајте ¼ чаша морска сол и ½ чаша маслиново масло и добро промешајте ги. Можете да додадете и 10 капки етерично масло по желба. За време на туширањето, со кружни движења истријте ја кожата со оваа смеса, а потоа добро измијте.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement