Кромидот спаѓа во групата на намирници без кои не може да работи ниту една вистинска готвачка (или готвач).
Освен што на храната ѝ дава посебна арома и го подобрува вкусот на многу јадења, кромидот е задолжителен сојузник поради нутритивните состојки што ги содржи, а заради кои му го припишуваат епитетот супер-намирница.
Ви откриваме пет одлични причини поради кои треба кромидот да има задолжително место на вашата трпеза секој ден:
1. Помага за здравјето на срцето и крвните садови: Сулфурните соединенија кои ги содржи кромидот го спречуваат згрутчувањето на крвта, а го намалуваат и нивото на масти. Кромидот е генерално добар за превенција на срцев удар;
2. Помага за цврстина на коските и сврзното ткиво: Ова особено се однесува на жените во менопауза, на кои им се препорачува секојдневно да јадат кромид, за да ја зачуваат густината на коските;
3. Промага против воспаленија: Антиоксидансите во кромидот ги намалуваат воспалителните процеси;
4. Го спречува развојот на тумори: Докажано е дека дури и умереното конзумирање на кромид го намалува ризикот од заболување од неколку типови на рак, меѓу кои се и ракот на јајниците и грлото;
5. Го контролира нивото на шеќерот.