Дури и најдотераните девојки преку зимата се обидуваат малку да забушаваат, па прескокнуваат некои ритуали од едноставна причина: „Па тој дел под сите слоеви на облека воопшто не се гледа“. Сепак, занемарувањето на одредени делови на телото кога е негата во прашање може да доведе до насобирање на мртви клетки од кожата или до појава на акни и брчки, па затоа подобро е да се негувате од глава до пети дури и при вакви временски услови и ниски температури.
Еве ги петте делови на телото кои жените најчесто ги забораваат во зима:
1. Стапалата
Убавите и негувани стапала може да бидат еден од најатрактивните делови на женското тело, но во зима често пати ги занемаруваме. Ноктите уредувајте ги секоја недела и средувајте ја тврдата кожа на петите на неколку дена. Пред спиење нанесете хранлива крема и Вашите стапала на пролет ќе бидат подготвени за покажување.
2. Лактите
Барни во серијата „How I met your mother“ вели: „Ако сакате да знаете колку е стара жената, погледнете и ги лактите“. Многу е важно лактите да се мачкаат со крема секој ден, па тој ритуал не заборавајте го во зима.
3. Грбот
Убавиот и мазен грб секогаш е секси, но зимското занемарување може да доведе до појава на акни и груба кожа. Секоја неделa направете пилинг на телото, а секој ден со лосион мачкајте го секој дел од Вашето тело, вкучително и грбот.
4. Задникот и бедрата
Преку зима јадеме, а на лето плачеме поради целулитот. Зимата е совршеното време за борба со целулитот, па затоа секојдневно изведувајте мини масажа со крема против целулит.
5. Ноктите
Ноктите се посебно чувствителни во зима поради наглите промени на температурата, изложувањето на ладно и честото миење на рацете. Затоа е важно да ги мачкате и нив со крема и да ги премачкувате со хранлив лак или пак да пиете додатоци кои го поттикнуваат нивниот раст.

You must be logged in to post a comment Login