Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Отровот од полжав поефикасен и од морфиум

Научниците успеаја да создадат исклучително јак лек против болки од отров на полжави. Супстанцијата која се базира на ситниот протеин кој се наоѓа во отровот на полжавите „корнети“ би можела да биде дури и поефикасна од морфиумот.

 morski 1

Ова откритие еден ден можеби ќе биде клучен борец против сериозната и хронична болка на нервите. Професорот Дејвид Краик од Универзитетот во Австралија го опиша развојот на новиот лек како „уште еден важен и голем чекор во борбата против болката“.

„Ова откритие би можело да послужи како основа за развој на цели нови класи на лекови, кои би биле во состојба да ги олеснат некои од најсериозните облици на хронична болка која во моментов е многу тешко да се лечи“, изјави Краик.

Полжавите „корнети“ кои типично се наоѓаат во тропските мориња го користат отровот за да го парализираат својот плен. Отровот содржи стотици мали протеини познати како конотоксини кои кај луѓето имаат слично дејство како аналгетиците.

Истражувачите во моментов работат на развивање на лек базиран на конотоксинот кој би можел да се зема орално, за разлика од еден друг лек кој го содржи овој протеин, а се вбризгува во ‘рбетот на пациентот.

Прелиминарните тестови се исклучително позитивни, а лекот што бил испитуван врз стаорци „значително“ ја намалил болката.

„Новиот лек се однесува потполно поинаку од морфиумот, затоа мислиме дека има многу мали шанси да предизвика некои несакани, споредни ефекти. Тоа е една од неговите големи предности“, изјави професор Краик.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement