Бадемите се богати со здрави маснотии па ќе ви помогнат подолго време да се чувствувате сити. Покрај тоа, тие се богати со витамини и минерали кои ќе ви помогнат да ја намалите потребата за јаглехидрати, а со тоа и да ги намалите килограмите.
Бадемите се богати со минерали како манган, магнезиум, бакар, како и со Б витамините кои помагаат да се активира производсвото на енергија во телото. Покрај тоа, тие содржат и витамин Е кој помага во заштита на кардиоваскуларното здравје.
Ако огладнете во доцните часови, гладта намалете ја грицкајки бадеми. На овој начин не само што ќе ослабнете, туку ќе го подобрите и своето здравје.

You must be logged in to post a comment Login