Во топлите денови се носи полесна облека, а поради тоа, време е да ги дотерате и вашите стапала. Ако имате проблеми со тврда и испукана кожа на петиците, не мора да се брзате за на педикир, направете си сами домашен третман со купка и маска за стапала.
За купка:
– 1 лажица глицерин
– грст крупна морска сол
– 2 лажици сок од лимон
За маска:
– 1 лажица глицерин
– 1 лажица сок од лимон
– 1 лажица розова вода (вода од рози)
Постапка:
- Наполнете леѓен со топла вода, една педа или две погоре од стапалото.
- Додадете сол, сок од лимон и глицерин и се добро промешајте.
- Савете ги нозете во купката, и оставете ги добро да се навлажнат, околу 15 до 20 минути.
- По ова земете камен или турпија и истругајте ги потпетиците и стапалата.
- Во сад измешајте една лажица глицерин, розова вода и лимон.
- Мешавината нанесете ја во дебел слој на петите и оставете малку да се исуши , па облечете памучни чорапи.
- Оставете ја маската да отстои 3-4 часа, а уште поубаво ако можете да ги оставите преку целата ноќ.
- Отстранете ја маската со млака вода, а потоа намачкајте ги петите со маслиново масло и масирајте неколку минути.
- Постапката повторете ја на три дена и тврдата и испукана кожа на петите ќе исчезне.

You must be logged in to post a comment Login