Патување во потрага по добри вина е незаборавно искуство затоа што пиалокот на боговите секогаш се наоѓа во сруштво на возбудливи авантури
Уметност и природа
Тоскана, Италија
Тоскана е местона потекло на три најпознати црвени вина од Италија: Chianti, Brunello di Montalcino и Nobile di Montepulciano. Сепак, најдобро е што во Тоскана можете да вкусите „no name“ вина што неможете да ги најдете во ниедна продавница. Од Фиренца со автобус можете да отидете во руралните предели преполни со мали винарии. Ви препорачуваме да ја посетите винаријата „Enoteca La Fortezza“ која е сместена вотврдината – симболот на градот Сиена. Пробајте ги вкусовите на Carpazo, Fuligni и Barbi. Тоскана предизвикала многу големи уметници како Михеланџело, Леонардо да Винчи и Данте. Дури и Пинокио е роден таму. Овој предел е место за средба со недопрена природа и сончеви предели. Многу познати личности живеат во Тоскана, а Стинг е еден од оние кои се гордеат со тоа.
Шопинг и ноќен живот
Бордо, Франција
Најзначајниот вински регион во светот. Левиот брег е погоден заодгледување на Cabernet Sauvignon поради големото присуство на чакал, а десниот брег збогатен со глина погоден е за Merlot сортата, додека во областа Sauternes се прават некои од најубавите слатки бели вина. Посетете го Saint-Em кои е клучен вински град во оваа област. Го красат стрмни, тесни, калдрмасти улици, романски цркви и тврдината Tour du Roi од 13ти век која сведочи за долгогодишната историја на овој дел од Франција.
Во Бордо се наоѓа најголемата шопинг улица Rue Saint Catherine која е долга 1,2 километри и преполна е со продавници, кафичи и трговски центри. На неа се наоѓа прочуената стоковна куќа Galeries Lafayette која е дизајнирана да личи на кралска палата. Ноќниот живот е исклучително богат, посебно околу плоштадот Place de la Victoire, а штета би било да не го погледнете Bordeauh Grande Theateru – опера и балет.
Фестивал и наука
Риоја, Шпанија
Есента е најдоброто време од годината за да се посети оваа шпанска провинција затоа што тогаш во местото Logorno се организира фестивал во чест на жетвата.
Жителите му оддаваат почит на св. Матеј и местото се претвара во прав вински рај. Еден од најспектакуларните моменти на фестивалот е кога младите, облечени во традиционални носии, босоноги газат по грозјето од кое потоа се прави првиот сок во сезоната. Доколку сакате да научите се за процесот на правење вино, тогаш La Rioja е правото место за вас. Посетете го Vivanco Dynasty Museum посветен на винската култура и глава винарија во Bodegas Franco-Espanolas.
Нешто поинакво
Њујорк, Америка
Ако некогаш се најдете во Менхетен во потрага по малку гламур, на само два саати возење од ова месте се наоѓа уште еден вински рај – South and North Fork of Long Island. Недопрена америчка култура, ова е место на семејни фарми и произведувачи на вино, се одликува со здрава почва, море и вкусови. Посетете го Peconic, студиото за вино Anthony Nappa во кое се наоѓаат најнеобичните вкусови од локалните винарии.
Мендоза, Аргентина
Нешто посебно
На висина помеѓу 500 и 1000 метри надморска височина се простира винородната Мендоза. Сончев и топол предел и има многу ниско годишно количество на врнежи па виновата лоза ја ја полева високиот снег кои се топи на Андите. Чисти климатски услови, одличена географска положба и долгата сезона на зреење даваат квалитетно вино. Ако сте со авантуристички дух, ќе ве израдува информацијата дека често се организираат велосипедски тури кои ги опкружуваат најдобрите винарии. Најпознати се винариите: Domaine St. Diego, Kaiken, Mendel, Aneluana, Salentein и многу други.
5 најскапи вина на светот
Chateau Lafite (1869) – 193.998 евра, Франција
Chateau Lafite (1787) – 118.160 евра, Франција
Chateau Mouton-Rothschild Jeroboam (1945) – 84.642 евра, Франција
Screaming Eagle Cab (1994) – 59.080 Евра, САД
Penfold Grange Hermitage (1951) – 42.086 евра, Австралија