Контрацепцијата одамна ѝ овозможи на жената слобода во изборот и одлуката кога ќе остане бремена, но и можност да го регулира месечниот циклус, во зависност од динамиката на нејзиниот живото. Следуваат информациите околу опасностите при одлагањето на менструацијата со помош на таблети.
Два начини за одлагање на менструацијата
Одлагање со контрацептивни таблети
Со овие таблети во главно се спречува несаканата бременост, но тие ја имаат функцијата за регулирање на циклусот, односно регулирање на почетокот на менструацијата. Така, почетокот на крвавењето може да започне со предвремен престанок на пиење на апчињата. Менструацијата може да се одложи и до некој друг термин ако после 21 таблета се продолжи со земање на таблетите од нова кутија секојдневно толку долго колку што се сака да се одложи менструацијата. Кога жената во тој случај, сака да добие менструација, едноставно треба да престане со земање на таблетите. По престанувањето на пиењето контрацептивни таблети, во рок од 2-3 дена, ќе настапи крвавење.
Со таблети кои содржат гестагивни хормони
Овие таблети главно се применуваат кај жени кои обично не користат контрацептивни таблетки континуирано. Со земањето на ваквите таблети, потребно е да се започне со 2-3 дена пред очекуваната менструација (двапати дневно се пие по една таблета). Се земаат толку дена колку што се сака да се одложи менструацијата. На пр. ако циклусот треба да се одложи 8 дена, тогаш таблетите треба да се пијат 8 дена. Како и кај другите орални контрацептивни средства, штом се престане со земањето на таблетите, во рок од 2-3 дена ќе настапи крвавење.
Нуспојави од одложувањето на менструацијата со таблети
Несаканите појави во овие случаи се исти како и оние кога котрацептивните таблети се земаат за заштита од несакана бременост. Ако жената добро ги поднесува контрацептивните таблети, посебни или додатни нуспојави не се јавуваат.
Гинеколозите напоменуваат дека можностите од „спотинг“ (оскудно крвавење во текот на земањето на контрацептивите) како најчести нуспојави се јавуваат релативно често. Бидејќи женското тело во биолошка смисла е ускладено со месечевите мени, во случај на често користење на методата на вештачка регулација на месечниот циклус, може да дојде до појава до нерегуларност при траењето и должината на циклусот после престанокот на користењето на таа метода.
Должината на времетраењето на одложувањето на крвавењето
Што се однесува на овој период, тој најчесто би требало да се практицира во пократки временски периоди (од 5 – 10 дена) во текот на кои може без никакви опасности по здравјето да се одложи месечниот циклус. Ако крвавењето треба да се одложи на подолг период, на пр. на неколку недели, би можело да дојде до сериозни крвавења па поради тоа ваквите постапки не се препорачуваат. Ако во текот на една година постои потреба или желба за одложување на повеќе пати, тоа не претставува никаков проблем.
Одложувањето на менструацијата е прифатливо кај жени кај кои е поставена дијагноза на ендометриоза и кај кои со цел да се редуцира бројот на крвавења и нивниот обем, пожелно е одложување на крвавењето и до една година.
Токму поради тоа, дизајнирано е контрацептивно средство со квартално крвавење за жени кои имаат активен начин на живот (спортистки, балерини, жени астронаути), па тие често одбираат куси и повремени годишни крвавења. Одредени медицински центри воведуваат и едногодишни крвавења со основна цел зачувување на здравјето, поради редукција на болката, отежната дефекација, мокрење и надуеност.
Што e со предменструалните тегоби?
Ваквите тегоби кои во себе вбројуваат, акни, напнатост и болка во градите, болки во стомакот, гинеколозите напоменуваат дека би требало да бидат минимално изразени кај жени кои земаат орална контрацепција. Дури, истакнуваат тие, со ваквите таблети, всушност се лечат овие тегоби. Но, ако и покрај тоа, симптомите на ПМС се присутни, треба да се размисли за други начини на контрацепција.

You must be logged in to post a comment Login