Брусницата го поништува ефектот од висококалоричната исхрана, покажаа резултатите од студијата спроведена на шведскиот универзитет Лунд. Локалните истражувачи спровеле студија кај глувците во чија исхрана за три месеци се вклучени разни шумски плодови.
На некои глувци им била дадена високо калорична храна, а некои биле практично на диета. Покрај тоа, различните групи добивале различни плодови. Мегу бобинките кои се тестирале се нашле ацаи овошјето, ултра популарното овошје од Бразил, познато како активатор на метаболизмот и варењето. Ова овошје намерно е вклучено за да се спореди со брусницата и другите бобинки кои се типични за скандинавската исхрана.
Истражувачите користеле вид на глувци кои се склони на дебелеење – за да симулираат луѓе на кои им се заканува или се склони на дијабетис – забележале дека оние глувци кои биле на високо калорично мени на кое била и брусницата, не се се здебелиле повеќе од оние на ниско калоричната диета. Оние кои примале и бразилски ацаи бобинки најмногу се здебелиле.
Исто така, глувците кои јаделе брусница, имале слични резултати на нивото на шекер во крвта како и глувците на ниско калоричната диета. Имале помалку холестерол во крвта и маснотии во црниот дроб.
Ацаи бобинките пак, не се прославиле, но истражувачите велат дека тие во Бразил се користат за енергија, а во САД и Европа се промовираат како помош при слабеење.
Сепак, истражувачите велат дека ова не значи дека брусницата треба да се конзумира во големи количини како џем, што е честа појава. Тие исто така изјавиле дека брусницата претставувала 20% од исхраната на глувците, што не смее да се случи кај луѓето.

You must be logged in to post a comment Login