Сите го знаеме добро познатиот народен лек против изгореници од сонце, јогурт или кисело млеко! Иако јогуртот е дефинитивно е најдостапното и наједноставното решение бидејќи голем дел од нас често го имаат во фрижидерот, тој сепак има само моментално дејство. Кога ќе се загрее на делот од телото погоден од изгореници неговото дејство престанува. Во суштина, тој делува на ист начин како и која било студена облога.
Но ако барате нешто повеќе од само олеснување од непријатностите, чешањето, печењето, затегнувањето, па дури и болката на кожата, како и веќе во наредните неколку часа да почувствувате олеснување и смирување на воспалението кое се јавило на изгорените места постојат природни рецепти кои можете да ги подготвите сами. Едноставни се, а можете да ги употребувате и секој ден по вообичаеното изложување на сонце.
Смирувачка вода од лаванда и пеперминт
Потребно ви е:
- Спреј шишенце од 120 мл
- филтрирана вода
- 20 капки масло од лаванда
- 20 капки масло од нане
Наполнете го шишенцето со вода до половина, ставете ги маслата, а потоа дополнете го. Протресете го пред секоја употреба. Изгорените места можете да ги прскате и на секои 15 минути ако е тоа потребно.
Лосион за ублажување на изгорениците од сонце
Потребно ви е:
- 3 лажици Алое Вера гел
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажива путер од какао
- 15 капки масло од лаванда
Сите состојки убаво измешајте ги во сад (ако се премногу тврди загрејте ги путерот од какао и кокосовото масло). Кога ќе ги измешате сите состојки заедно веднаш префрлете ја мешавината во стаклена тегла и ставете ја во фрижидер. Лосионот освен за третман на изгореници можете да го користите и како крем после сончање.
Зошто се користат…
Масло од лаванда – ја смирува кожата и делува против воспаленија
Масло од нане – бидејќи создава смирувачко чувство на ладење на кожата. Лицата со чувствителна кожа треба внимателно да постапуваат со маслото од нане.
Путер од какао – има одлично хидратантно дејство, а неговите масни киселини ја поттикнуваат еластичноста на кожата.
Кокосово масло – го поттикнува брзото закрепнување на кожата.
Маслиново масло – продира длабоко во кожата без да ги затвора порите и содржи антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали кои ја оштетуваат кожата.
Алое вера гел – има антиоксидансни својства и делува против воспаленија, воедно ги ублажува печењето, болката и непријатното чувство.
Рехидрирајте се
Откако ќе поминете време на сонце водата е клучна ако се соочувате со изгореници од сонце. Течностите се важни за рехидратација на вашето тело и надокнадување на изгубените флуиди.

You must be logged in to post a comment Login