Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Може ли вежбањето да го забави стареењето?

Заборавете на скапи креми против стареење, бидејќи научниците открија дека редовното вежбање може да бидат клуч за подмладување. Учесниците на студијата постари од 65 години имаа кожа како на дваесетгодишници или четириесетгодишници по само три месеци вежбање.

Истражувачите на Универзитетот во Онтарио открија дека дури и луѓето кои почнуваат да вежбаат во доцните години можат да го подмладат изгледот на својата кожа.

– Не сакам да ги преувеличувам резултатите на студијата, но навистина беше неверојатно да се забележи тоа- вели доктор Марк Тарнополски, кој го надгледуваше истражувањето.

Истражувањето започна со глувче, кога научниците забележаче дека глувчињата стануваат послаби и болни ако им го отстранат точакот за вежбање. Од друга страна, на глувчињата на кои им е оставен точакот, биле многу поздрави и не проседеле.

Охрабрени од ова откритие, тимот на научници проучувал 29 машки и женски волонтери постари од 20 до 84 години.

Половина од учесниците добиле за задача во барем три часа недело да има физичка активност, додека другата половина требало да одмара.

Се заклучило дека кожата на оние постари од 65 години кои редовно вежбале (три часа неделно во текот на три месеци) изгледале помладо – и внатрешните и надворешните слоеви на кожата изгледале како кај дваесетгодишни и четириесетгодишни.

– Единствена промена беше вежбањето. Неверојатно е колку вежбањето може да го промени нашето тело – вели доктор Тарнополски.

Иако признава дека се мал број на ученици и дека треба уште да се истражува, тој вели дека ова истражување е уште едно нешто кое говори за користа од вежбањето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement