Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Мислите дека бананите се најголем извор на калиум?! Живеете во заблуда!

Конзумирањето на повеќе храна која е богата со калиум може да го намали ризикот од висок крвен притисок, мозочен удар и срцеви болести.

Кој е нејголемиот проблем во современиот начин на исхрана? Премноу сол, премалку калиум. Истражувањата покажуваат дека со зголеменото внесување на калиум и намаленото внесување на сол можеме да го намалиме ризикот од мозочен удар за 21 процент и да имаме здраво срце. Минералот калиум делува така што ги штити крвните садови од оксидативни оштетувања и ги чува од здебелувања. На возрасните лица им се потребни 4700мг калиум дневно.

Премногу калиум исто така може да биде штетно, па затоа најдобро е да го внесувате прегу здрава исхрана, освен ако лекарот не ве советува поинаку.

Овие видови храна ќе ви помогнат да ја постигнете целта:

Сладок компир

Изненадување! Токму слаткиот компир, а не бананата, е најбогатиот извор на калиум. Еден сладок компир содржи и до неверојатни 694мк калиум, а има само 131 калорија, плус многу влакна, бета-каротен и јаглени хидрати. Печен, пржен, на жар, пире, оплнет – сладкиот компир е една од најздравите видови храна кои може да ги јадете.

Сос од домат

Свежите домати се одлични, но сосот од домати е уште подобар извор на калиум. Четвртина шолја сос од домати содржи 664мг од овој минерал,  една шилја доматно пире содржи 549мг, додека со сокот од домати добивате 400мг. Така што, ако сакате повеќе калиум во исхраната, почесто внесувајте сос од домати.

Лисја од цвекло

Ако досега ги фрлавте листовите од цвекло, следниот пат немојте. Половина шолја од тие сварени, горчливи листови содржи 644мг калиум, Исто така се и одличен извор на фолна киселина.

Грав

Белиот грав е посебно богат со калиум, па во половина шолја можете да добиете 600мг, а добар извор на калиум се и останатите видови грав, како што е леќата, грашакот, итн. Сите видови грав се добри за срцето и богати се сео влакна.

Јогурт

Една чаша немасен јогурт содржи 579мг калиум, додека пак јогуртот со помала масленост и полномасното млеко имаат нешто помалку. Јогуртот е одличен бидејќи може да се јаде за појадок со овошје, да се меша со салата или пак да се комбинира со сендвич. Бонус претставува и големта количина на пробиотици, природни здрави бактерии кои добро ќе влијаат на варењето на храната.

Школки

Конзервирани или свежи, школките се богати со калиум, а исто така имаат и една од најголемите концентрации на витаминот Б12 за разлика од било која друга храна.

Суви сливи

Сок од суви сливи содржи дури до 530мг калиум во ¾ чаша. Можеби веќе знаевте дека се добри за варење на храната, но веројатно не сте знаеле дека се добри и за коските.

Сок од моркови

Во ¾ чаша сок од моркови ќе добиете 500мг калиум. Освен калиум, морковот и другото овошје со портокалова боја се одлични за видот.

Риба

Сината риба има речиси 500мг калиум во порција од 85 ргама.

Соја

Непреработените производи од соја се одличен извор на протеини, како и добар борец против воспалителните процеси во телото. Половина шолја варена соја има речиси 500мг калиум.

Банана

Кога ви е потребна храна богата со калиум, сите посегнуваме по бананата, а една банана со средна големиа ќе ни понуди само 400мг од тоја здрав минерал. А бананата е добра и за борба против гладта, богата е со здрави јаглени хидрати кои ќе ве заштитат и ќе ви го подобрат метаболизмот.

Млеко

Шолја млеко ќе ви понуди 382мг калиум. Ако не сте обожавател, додадете го во фрапе.

Сок од портокал

Еден од најздравите додатоци на поајдокот, ¾ чаша сок од портокал ќе ви обезбеди 355мг калиум. Свежо цеден сок од портокал е добар  извор на калиум, фолна киселниа и неколку витамини од Б групата.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement