Ако ви недостасува креативност, време е за прошетка. Одењето може да го потикне креативното размислување, покажале експериментите објавени на амеркинскиот универзитет Санта Клара.
Неколку десетици универзитетски студенти правеле низа тестови додека биле во седечка позиција и додека оделе на трака.
Се покажало дека одењето е поврзано со подобрување на креативното размислување, односно во ситуации во кои е невозможно да понудите повеќе решнија за некој проблем.
Испитаниците пак, во седечка позиција подобро ги решавале проблемите кои имале само едно решение.
Научниците не утврдиле поради што одењето може да допридонесе за креативноста, но се планираат дополнителни истражување за да се утврди дали телесните активности со низок интензитет можат да имаат сличен ефект на умот.