Иако се наоѓа во нашите црева, кандидата ако се прошири прекумерно може да предизвика бројни тешкотии. Што е тоа што предизвикува ширење на кандидата?
Пред се, модерниот начин на исхрана создава идеални услови за проширување на кандидата, бидејќи на габите им треба шеќер за да се размножуваат. Рафинираните јаглехидрати и индустриската храна, рафинираните житарици и алкохол, придонесуваат за ширење на кандидата.
Од друга страна, исхраната богата со шеќери докажано го ослабнува имунитетот, и заради тоа организмот полесно “попушта” пред кандидата.
Најчеста причина за прекумерно ширење на кандидата е терапија со антибиотици. Антибиотиците ги убиваат бактериите, и лошите и добрите, кои го штитат нашето тело. Земајќи пробиотици може во одредена мерка да се одржи рамнотежа на цревната флора и да се спречи ширење на кандида.
Стресот може да биде активатор на кандида, поради кортизолот, хормон кој го ослабнува имунолошкиот систем и го зголемува нивото на шеќер во крвта. Овој хормон, кој се лачи при стрес, и помага на кандидата. Хроничниот стрес ги ослабува надбубрежните жлезди, кои се важен дел од имунолошкиот систем.
Контрацептивните пилули исто може да бидат виновни за ширење на инфекција со кандида. Желудникот е многу осетлив орган, а земајќи контрацептивни пилули може да се нарушо кревката рамнотежа помеѓу микроорганизмите и габите кои помагаат при варење на храната. Исто така, естрогенот, кој е главна состојка на таблетите, го поттикнува растот на габите.
Сребрените пломби содржат половина жива, која е токсична за организмот. Честичките од живата се ослободуваат додека џвакаме, миеме заби, а овој отров значително го ослабува имунитетот. Живата ги убива добрите бактерии во цревата, па затоа најдобро е да ги замените пломбите со жива.
Хлорот и флуорот делуваат слично на бактериите во цревата, ги уништуваат и дозволуваат да се шири кандидата.