Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Како да ја намалите негативната енергија

Светот се менува, а заедно со него се менуваме и ние. Животот станува многу суров и динамичен, а брзиот начин на живеење, стресот и грижите, ниту во еден момент не нѐ напуштаат. Како да се справиме со негативната енергија која почна да станува интегрален дел од нас?

Често правете длабоки вдишувања и издишувања

Секогаш кога чувствувате напнатост и нелагодност поради динамиката на работите кои ви се случуваат, излезете надвор и вдишете неколку пати со полн капацитет. Колку ова и да ви звучи глупаво, сепак е продуктивно и претставува многу добар начин за ослободување од негативната енергија.

Никогаш не го прескокнувајте појадокот

Никогаш не го прескокнувајте појадокот бидејќи постојат стотици причини зошто треба секогаш навремено да појадувате. Доколку наутро појадувате, организмот ќе има енергија за претстојниот ден и сите органи ќе функционираат правилно. Ова ќе овозможи да бидете многу поимуни на стресните ситуации.

Секогаш празнете ја негативната енергија на начин кој најмногу ви одговара

Сите ние, на работа, на факултет или каде било често знаеме да бидеме исфрустрирани, нерасположени и депресивни дури и без да има видлива причина за тоа. Таа негативна енергија секогаш потрудете се да ја испразните на начин кој најмногу вас ви одговара. Тоа може да биде на пример водењето на дневник, таму можете да напишете сѐ што ве мачело во текот на денот, буквално сѐ.

Исто така можете понекогаш да го користите најдобриот пријател, да му кажете сѐ што ви се случило и сѐ што ве нервира и притиска, веднаш ќе почувствувате олеснување и подобрување на состојбата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement