Ако сте еден од оние кои не можат да го поминат денот без утринско кафе, се лажете. Научниците откриле дека е во прашање само автосугестија.
Голем број на луѓе се успорени и поспани за време на целиот ден ако го прескокна првото утринско кафе, а ако не го испијат ни попладневното, стануваат нервозни и раздразливи. Иако е научно докажано дека кофеинот го потикнува адреналинот, сепак тоа е пред се повеќе во нашите глави.
Научниците ги поделиле испитаниците во четири групи, давајќи им на едните обично кафе, на други обично кафе за кое им е кажано дека е безкофеинско, на третите безкоефеинско, а на четвртите, безкофеинско, за кое ги увериле дека е обично. Резултатите покажале дека оние кои пиеле безкофеинско кафе, мислејќи дека има кофеин, ги решиле тестовите подеднакво добро како и оние кои пиеле обично кафе.

You must be logged in to post a comment Login