Дали сте знеле дека индискиот орев е одличен во борбата со кашлицата? Покрај тоа помага и кај други здравствени проблеми.
Индискиот орев има антибактериско и антисептичко дејство, делува против воспалениа, има својство на диуретик, ја ублажува кашлицата, го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок, ги чисти цревата, а исто така делува и како афродизијат – потврдија многуте истражувања направени за овој јаткаст плод.
Оваа намирница е богата со незаситени масни киселини, протеини, целулуза, витамини Е, К и Б1, магнезиум и калиум, кои го штитат кардиоваскуларниот систем.
Неколку индиски ореви на ден ќе го зголемат лачењето на хормонот кои на мозокот му сигнализира дека сте сити, па затоа се вели дека оваа немирница помага во слабеењето и борбата со вишокот на килограми.

You must be logged in to post a comment Login