Ви претставуваме видео со неколку фантастични вежби за одржување на тонусот на мускулите на лицето.
Во првата вежба треба да ги подигате веѓите и да го збрчкате челото. Со тоа ја зголемувате циркулацијата на тој дел од лицето и помагате кожата долго да остане затегната.
Во втората вежба се лутите како зајак – ги грчите мускулите на носот и пределот околу очите. Оваа вежба го одржува тонусот на мускулите на средината на лицето.
Стресот натрупан во текот на денот се акумулира во долната вилица. Масирајќи ги образите со кружни движења на раката ја ослободувате вилицата од напнатост и ја затегнувате кожата.
На самиот крај од оваа мала сесија, со затворени очи протресете ја главата неколку пати бидејќи тоа го ослободува лицето од тензиите.
https://www.youtube.com/watch?v=IMnBQ2kdD2A&hd=1

You must be logged in to post a comment Login