Фстаците изобилуваат со антиоксиданси, пред се со витаминот Е, каротен и полифеноли, а содржат и големи количини токоферол кој со витаминот Е ја штитат и хранат кожата, спречуваат појава на рак.
Овие јаткасти плодови се богати со витамин Б, рибофлавин, тиамин, ниацин, пантонска киселина, а од минералите содржат голема количина на манган, калиум, магнезиум, цинк, селен.
Исто така богати се со бакар кој помага во создавањето на хемоглобинот во крвта, го контролира крвниот притисок и отчукувањата на срцето, ги зајакнува крвните садови.
Најважниот елемент кој го содржат фстаците е олеинската киселина која го смалува лошиот холестерол, а го подигнува нивото на добриот.
Само 30 гр. фстаци дневно го задоволуваат потребното количество на мононезаситени масни киселини и антиоксиданси.