Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Еве што шеќерот прави на вашиот мозок

Шеќерот е потребен на нашето тело и ако се работи за мали количини, не треба да се грижите. Сепак, ако сте љубител на слатки и преработена храна која, исто така содржи големи количини на шеќер, ова треба да го знаете.

Светската здравствена организација препорачува само пет проценти од дневните калории да доаѓаат од шеќер, но во просек внесуваме околу 13 проценти. Прекумерни количини на шеќер влијае не само на срцето и дигестивниот систем, но исто така и на мозокот. Еве како:

1) Ја забавува меморија и способност за учење

Студија на истражувачите од UCLA  спроведена во 2012 година покажа дека исхраната богата со шеќер буквално го успорува мозок. Истражувачите открија дека шеќерот ја забавува синаптичката активност на мозокот, што значи дека комуникацијата помеѓу клетките е оштетена. Подобрување на комуникацијата помеѓу клетките значи подобра меморија. Висок внес на шеќер резултира со развој на инсулинска резистенција, која исто така влијае на функционирањето на мозокот.

2) Ствара замор и депресија

Храна богата со шеќер и со малку јагленохидрати може да влијае на нашето расположение. Шеќерот стимулира ослободувањето од серотин во мозокот, кој е познат како хормон на среќата. Прекумерното испуштање на овој хормон, може да придонесе за развој на депресија. Високо ниво на шеќер е поврзано со воспалителни процеси во невротрансмитерите во мозокот, кој исто така може да биде причина за депресија. Особено осетливи се тинејџери.

3) Покачена гликоза во крвта еден од ризиците за деменција

Се повеќе истражување покажуваат дека постои врска помеѓу шеќер и развојот на Алцхајмерова болест. Една студија од 2013 година покажа дека нивото на гликоза во крвта е поврзано со развојот на ваков тип на болести како што се Алцхајмеровата болест. Некои истражувачи веруваат дека болеста е всушност е вид на дијабетес од тип трети.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement