Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Еве како да се справите со тврдата столица

Тешкото и нередовното исфрлување на тврдата и мала столица се нарекува опстипација или запек. Повремените напади на запек не се знак за загрижување, додека кај хроничните е потребно да се испита примарното нарушување. Најчеста причина за опстипација е исхраната сиромашна со растителни влакна и со течности.

Исто така преголемото конзумирање на кафе и поголемите колични на кафе предизвикуваат запек

– Најчеста причина за запек е недостатокот на растителни влакна во исхраната. Тие се поврзуваат со вода во цревата, набабруваат и помагаат организмот да ги исфрли фекалиите полесно, заедно со насобраните токсини.

За да се справите со симптомите консумирајте: јаболки, грав, компири, моркови, кафеав ориз, сушени модри сливи, пченични никулци, свежо овошје, зелен зеленчук, сите видови јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви), семки од тиква, сончоглед, брокули, грашок.

Вода

Секој човек кој страда од запек треба да пие доволно количество вода. Пијте по неколку голтки на секој половина час, а добро би било во водата да додадете малку мед или цитрусов сок.

Лимон

Секогаш можете да користите лимон за лекување на запекот, кој истовремено го прочистува дигестивниот систем. Потребен ви е сок од половина лимон кој ќе го додадете во чаша топла вода. Додадете малку морска сол и малку мед. Пијте ја течноста рано наутро на празен стомак. За рок од 2-3 дена симптомите на запек ќе исчезнат.

Зголемето го внесот на течности бидејќи, со тек на време, може да се случи да не можете без нив да имате природна столица. Не ја потиснувајте потребата за празнење на цревата. Со одложување на празнењето можете да предизвикате запек. Обидете се да воспоставите дневен термин за празнење на цревата, секој ден во исто време.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement