Тест за емотивните особини на пациентите во текот на запознавањето на дијагнозата, може да стане пракса во иднина бидејќи научниците дошле до резултати кои покажуваат дека особините на личностите имаат големо влијание.
Со класичен начин на воспоставубање на дијагноза, докторите во иднина треба да вклучат и тест за емотивните особини на пациентите, тврдат научниците од американскиот Универзитет Djuk, бидејќи особините на личностите имаат големо влијание на начинот на кои они го доживуваат своето здравје.
Осетливите и емотивни личности обично се самосвесни и повеќе пазат на своето здравје и поради тоа подолго живеат, покажало истражувањето спроведено на повеќе од 1000 луѓе во Нов Зеланд родени во 1972 и 1973 година. Истражувачите ги анализирале нивните особини, а притоа ги земале во предвид нивните лични и семејни истории на болести, како и нивната физичка состојба, пишува ‘’Дејли Мејл’’
Стручните лица откриле дека флегматичните личности не се претерано самосвесни во однос на своето здравје и пороци, а околу 45 отсто од нив имаат почести здравствени проблеми веќе од 38 година.
Поединци кои по тестовите на особини не се баш самосвесни често се склони на зголемување на својата тежина, имаат покачен холестерол и притисок, болести на непцата и поголем ризик од нивно воспалување , изјави водачот на истражувањето Др. Саломон Израел.

You must be logged in to post a comment Login