Стриите се еден од најголемите проблеми кај жените. Целулитот се наоѓа на првото место, но и стриите не се помала мака.
Често се случува жените да не можат да ја контролираат и спречат појавата на стрии бидејќи тие се појавуваат прилично нагло – за време на пубертетот, при драстична промена на килажата и за време на бременоста. Ретки се оние кои на време успеваат да ја санираат оваа промена на кожата.

Но, научниците посветуваат доста време и труд обидувајќи се да најдат начин и производи кои би можеле да помогнат во нивното отстранување и превенција. Еден од тие производи може да се најде во сечиј дом – станува збор за компирот, и тоа во вид на сок!
Фактот дека компирот може да помогне за отстранување на стриите звучи необично, но навистина делува. Овој зеленчук во себе содржи голема доза витамини и минерали кои помагаат во регенерацијата на клетките. Сокот од компир можете да го употребувате и превентивно за да го спречите нивното појавување.

Како се применува?
Исечете го компирот на парчиња и со нив тријте го пределот од кожата зафатен од стрии. Потребно е сокот од компирот да остане на кожата. Оставете да отстои 10-15 минути, а потоа измијте го со млака вода.
Првите резултати ќе бидат забележливи за помалку од две седмици.

You must be logged in to post a comment Login