Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Едноставни природни решенија за модрици и хематоми

Доколку се удрите, а склони сте на модрици и хематоми, овие совети се вистинско решение за вас.

На болното место ставете ладна облога и држете ја половина час. Многу корисен може да биде и ледот, но со него морате да бидете внимателни и да го ставате по 5 минути со паузи за да не дојде до трнење на ткивото.

Ледот е одличен бидејќи освен што ја смирува болката, ја успорува и циркулацијата на крвта и на тој начин го спречува создавањето на хематоми.

По половина час од третманот со лед болното место треба да го намачкате со крема на база на невен.

Доколку хематомот веќе се создал, подобро решение се топли облоги и блага масажа на болното место.

На овој начин побргу се ресорбира веќе настанатиот хематом. Многу ефикасно е и парче од свеж ананас бидејќи содржи фермент кој ја забрзува ресорбцијата на хематомот. За истата цел може да се користи и компир. Треба да го сварите, потоа да го излупите и да направите пире. Во смесата да додадете малку мед и обична вода и така добиената смеса да ја ставите на модрицата.

Уште една варјанта е премачкување на болното место со газа натопена во оцет и тоа неколку пати во текот на денот.

1 Comment

1 Comment

  1. eli

    ноември 1, 2013 at 12:51 pm

    Парче бел леб, на него изрендан кромид и црвено вино, испробано и доста ефикасно!

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement