Клиничките студии покажале дека длабоката концентрација и вклучување на умот во медитација може да ја намали болката и до 57 проценти. И славната актерка Голди Хоун тврди дека таквата медитација може да ги помести границите на сопствената среќа.
Животот со хронична болка е често неподнослив. Очајнички пробувате да направите нешто, било што, за да ви биде полесно во ситуацијата, но ништо не ја отстранува упорната болка.
Колку што се обидуваме да ги отргнеме мислите и внуманието, не може да се избега од фактот дека тоа ве боли.
Но болката не е само физичка, туку и ментално работа, бидејќи вашиот мозок се обидува да се справи со болни стимуланси и со желбата на болката да исчезне. Но сега лекарите веруваат дека таа борба само ја појачува болката. Новите клинички истражувања покажаа дека прифаќањето и истражувањето на болни надразнувања и болести ја отклонуваат болката, а можат да помогнат повеќе од лековите против болка што лекарите обично ги препишуваат.
Древната пракса на свесна медитација е основа во новиот третман кој ја намалува болката и до 57 проценти. Луѓе кои имаат искуство во оваа практика, успеваат да се ослободат од болката до 90 проценти, а една од овие искусни поборници за медитација е актерката Голди Хоун, која изјавува дека преку оваа практика можеме да ги поминеме границите на сопствената среќа.
Актерката во рамките на својата фондација започнува програма за да ги едуцира децата преку медитацијата да се ослободат од стрес и анксиозност. За својата посветеност на медитација, Голди има научни аргументи.
Болка доаѓа во основна и секундарна форма. Примарната болка е резултат на сурови податоци, импулси, кои му кажуваат на мозокот дека телото е загрозено, без разлика дали станува збор за болест, повреда или некоја друга причина која го повредува телото. Секундарната болка е одговор на мозокот на примените информации и таа е поинтензивна и трае подолго. Преку свесната медитација можеме да ја исклучиме оваа интензивна, секундарна болка. Ние болката не ја да издржуваме пасивно, и кога нашиот мозок ќе добие информации за болка, тој ја лоцира во обидот да најде решение.
Мозокот не може да го реши проблемот, а болката се зголемува од фокусираноста на неа. Медитацијата ја спречува токму таа реакција, а обучниот мозок не реагира на основните импулси кои ги испраќа телото. Резултатот е тој што болката е во многу помал интензитет.