Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Диета 4:3

Ако уште не сте чуле за фамозната диета 5:2, тогаш можеме само да претпоставиме дека живеете во некоја пештера, без мобилен телефон, интернет или било каква човечка интеракција. Не, навистина, никогаш не сте чуле?!
ОК, нема да ве напаѓаме бидејќи новата диета што неодамна се појави, а е наречена 4:3, се заканува да ја симне од престолот погоре споменатата диета. Да, да. добро чувте, а еве ги сите информации кои треба да ги знаете за неа…
Како функционира?
За разлика од диетата 5:2, при која 2 дена постите т.е. јадете лесни оброци (жените внесуваат 500 калории, мажите 600 калории), а преостанатите пет се храните нормално, планот 4:3 ви наложува еден ден да јадете што сакате, а веќе следниот да постите. Повторувајте го овој план од ден на ден, токму во тоа е и суштината на диетата.
Како се држи оваа диета?
Д-р Криста Варди и Бил Готлиеб, кои ја напишаа заедничката книга „Диета за секој втор ден“, откриваат дека оваа диета е многу едноставна.
Кога треба да постите, тие го советуваат следново:
1. Внесете 400 калории преку месо и 100 калории преку грицки;
2. Пијте многу вода;
3. Конзумирајте чај и кафе без шеќер;
4. Џвакајте гума за џвакање;
5. Ако ве мрзи да готвите, тогаш конзумирајте што повеќе сиров зеленчук или правете јадења кои се подготвуваат лесно и брзо.
Кога е ден за нормално јадење треба да:
Јадете храна богата со протеини и масти, а избегнувајте слатки – советуваат тие.
Колку е добра диетата?
Студиите покажуваат дека ова е прилично здрава диета со чија помош можете да ja регулирате тежината и да ослабете (секако, без вежбање, ништо од ова не важи). Една американска студија покажа дека е можно да изгубите 5 или 6 килограми од маснотии, а не мускулна маса. Диетата е исто така добра за сите оние кои имаат висок крвен притисок.
Кои резултати може да ги очекуваме по завршетокот на диетата?
1. Позитивно влијае на здравјето.
2. Ако постите, ќе научите да го препознаете моментот кога сте навистина гладни, па во нормалните денови ќе јадете само тогаш.
3. Сознанието дека следниот ден можете да јадете што сакате ќе ве мотивира да се придржувате до лимитот од 500 калории во деновите за пост.
4. Конзумирајте храна која е богата со протеини и го урамнотежува нивото на шеќер во крвта.
5. Доколку јадете храна богата со масни киселини (маслиново масло, кикирики, бадем, рибино масло…) исто така ќе го регулирате нивото на шеќерот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement