Ако испиете некоја чаша повеќе за време на вечерното излегување, мамурлакот не мора да биде видлив следното утро. Ви откриваме неколку совети со кои траговите од непреспиената ноќ потполно ќе ги прикриете.
Бидејки алкохолот го дехидрира телото, следното утро потребно е да пиете многу течности. Водата ќе го хидрира телото и тоа ќе биде видливо и на вашето лице. Место да биде сува и сива, вашата кожа ќе блеска.
Пред нанесување на make up, на лицето обавезно нанесете хидрантна крема. Таа ќе ја нахрани кожата и ќе ја припреми на шминкање.
Доколку очите ви се отечени поради малку сон, искористете ќесички од чај. Ладни ќесички, најдобро од зелен чај или од камилица, држете ги 10 минути на очите. Лажицата која сте ја изладиле од ладилник или кругови од краставица исто така ќе ви помогнат да ја ублажите отеченоста и да изгледате свежо.
При шминкање избегнувајте тешки и мат шминки. Нежна сенка и сјај за усни се основните make up производи со кои ќе постигнете свеж изглед