Во прашање е многу ригорозна програма и доколку сакате да ја спроведете, не го правете тоа на сопствена рака без претходни консултации со експерти кои се грижат за вашето здравје.
Данската диета е добра за брзо разградување на мастите и ослободување на телото од течности. Исклучително брзо се отстранува голем број на килограми, а килограмите продолжуваат да исчезнуваат и нареднитетри месеци по завршување на диетата. Меѓутоа, пред започнување на ваков режим на исхрана, не заборавајте да се консултирате со лекарите кои се грижат за вашето здравје.
Како изгледа данската диета
Оваа програма може да се започне било кој ден во неделата, но се препорачува недела. Самата диета трае 13 дена и прилично е тешка, но и ефикасна. Со исхрана според оваа диета доаѓа до големи промени во организмот, а ефектите траат цели 2 години.
Не е во прашање традиционална диета, туку начин како организмот побрзо да согорува маснотии и да исфрла вишок на течности, што придонесува диетата да продолжи и после завршување на циклусот од 13 дена. Ако се придржувате кон диетата како што треба, може да изгубите премнгу телесни маснотии и тоа (во зависоност од почетната тежина) во распон од 7 па до неверојатни 20 килограми.
Воведни напомени
1. Планот на исхрана мора да се прати точно 13 дена, ни помалку ни повеќе, и како што е наведено, мора да се прати како што е назначено – без мамење.
2. Ако во текот на диетата испиете пр. 1 пиво или 1 чаша вино, џвакате мастика или јадете некоја друга храна која освен онаа што е наведена, мора да ја прекинете диетата веднаш, бидејќи нема да има никакви резултати. Потоа, диетата може да се повтори по 6 месеци, не порано.
3. Ако сте ја следеле диетата до крај, точно 13 дена, се препорачува да не ја повторите наредните 2 години
4. Кога сте гладни пијте вода (најмалку 2 литра)
5. Кафето може да го замените со чај
6. Мора да користите шеќер во коцки
Речиси секој ден се јаде посебна салата, така што е погодно да ја подготвите за неколку дена однапред. Eве рецепт:
Салата
Исечете: 1 кг морков, 1 кг бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 праз
За прелив: 1 дл масло, ½ дл јаболков шеќер, ½ лажичка шеќер, ½ лажичка сол
Измешајте ги двете состојки и прелијте преку салатата. Оставете да отстои 1 час. Промешајте од време на време. Салатата може да ја држите во пластичен сад во фрижидер. Може да се одржува свежа до 1 недела. Ако е за една личност, тогаш е доволно и половина од горенаведените количини.
Данска диета – Мени по денови
Ден 1
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
Вечера – 1 голема шницла (230 гр), салата
Ден 2
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 2 парче шунка, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата
Ден 3
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – 1 варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 4
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 1 литар сок од портокал, 1 чаша јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 рендан морков, 1 кутија младо сирење (25 гр)
Ден 5
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена риба (бакалар, групер околу 230 гр) со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 6
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 1 варено јајце, 1 голем рендан морков
Вечера – ½ пилешко месо на скара без кожа, салата
Појадок – 1 шолја чај без шеќер
Ручек – ништо
Вечера – 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје
Ден 8
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 9
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
Ручек – 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт
Вечера – 1 голема шницла, салата, овошје
Ден 10
Појадок – 1 шолја кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје
Ден 11
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 кришка тост
Ручек – 1 литар сок од портокал, 1 шолја јогурт
Вечера – 1 варено јајце, 1 рендан морков, 1 кутија (25 гр) младо сирење
Ден 12
Појадок – 1 голем рендан морков со лимон
Ручек – 1 големо парче варена рива со лимон и малку путер
Вечера – 1 голема шницла, салата, варен целер
Ден 13
Појадок – 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 тост
Ручек – 2 варени јајца, 1 голем рендан морков
Вечера – ½ пилешко месо на жар без кожа, салата





You must be logged in to post a comment Login