Овие мали егзотични дарови од природата се неверојатно здрави поради нивните моќни антиоксидансни својства и мултивитамини. Тие го намалуваат нивото на холестерол во крвта, го намалуваат ризикот од болести на срцето и диабет. Но тоа не е се:
Боровинките како антибиотик – содржат материи кои го блокираат растежот на бактериите и на тој начин ги ублажуваат инфекциите.
Боровинките како средство за здравје и младост – тие содржат витамин Ц, Е и А, селен, цинк, бакар и фосфор, кои се клучни компоненти за да останеме здрави и млади подолго време.
Боровинките како средство за намалување на масните наслаги на стомакот .
Боровинки за здраво срце – високата концентрација на растителни влакна и антиоксиданси помагаат за регулирање на лошиот холестерол што ги прави идеална храна за здраво срце.
Боровинки при запек – една рака боровинки секое утро е идеален појадок кој ја подобрува функцијата на стомакот. Високата содржина на растителни влакна и витамини, натриум, бакар и фруктоза го подобруваат варењето на храната и ве прави да се чувствувате свежи во текот на целиот ден.
Боровинките против рак – конзумацијата се препорачува за болни од рак, поради севкупната нивна содржина од полезни супстанции и антиосиданси кои можат да ја спречат појавата или да делуваат кон блокирање на раковите клетки.
Сите овие квалитети на боровинките, можат да ни подарат здравје и младост. Затоа не ги потценувајте. Нивната сила е навистина чудотворна и дефинитивно може да ги држи болестите подалеку од нас.

You must be logged in to post a comment Login