Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Болки во грбот од седење: Решавање на проблемот во 60 секунди

Осум или повеќе часа на работа седејќи  лошо влијае на нашиот ‘рбет. Болката во долниот дел на грбот на тој начин станува честа појава со која треба да се борат повеќето луѓе. Ако  чувствувате непријатна болка за време на работното време резервирајте си 60 секунди и ќе се реши овој проблем.

Притисок и болка во долниот дел на грбот е честа појава. Болката може да се случи како резултат на лошото држење и оптоварување на долниот дел на карлицата, но исто така и поради грч во телото предизвикани од стрес и замор.

За итно олеснување на болката, обидете се со кратки вежби за дишење кои го опуштаат телото и го намалува чувството на притисок во лумбалниот предел.

Вежби за дишење против  болка од 60 секунди

1.Седнете во вашата најудобна положба. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.

2.Врвот на јазикот го потпираме веднаш зад предните заби.

3.Дишете полека низ носот околу  4 секунди, задржете го здивот броејќи до седум и издишувајте  полека низ уста броејќи до 8 и ќе забележите доза на олеснување.

  1. Повторете уште три пати.

Вежби пред спиење од 60 секунди

Секоја вечер пред  спиеење  додека лежите во кревет, направете кратко истегнување од  60 секунди.

  1. Легнете на стомак и потпрете се под лактите.
  2. На горниот дел од телото подигнете го така што ќе се потпрете на вашите лакти, подигнете ја главата, задежета ја оваа положба 8 секунди и врати се на стартната позиција. Вежбата се повторува два пати.
  3. Легнете на грб и свиткајте ги колената со рацете испружени покрај телото. Подигнете ја карлицата во исправен став, држете за 8 секунди и врати се на стартната позиција.
  4. Останете да лежите на грб, свиткајте ги колената, фатете и повлечете ги рацете кон градите. Останете во оваа позиција 8 секунди, а потоа вратете се на стартната позиција. Вежбата се повторува два пати.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement