Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

6 начини до струк од соништата за само една нeдела!

Сакате за кратко време да го намалите струкот? Доколку се придржувате кон овие шест точки, сигурно ќе успеете!

НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА СОЛТА

Можеби ве привлекува соларникот, но и водата, исто така. Кога ќе внесете повеќе сол од што е доволно, собирате повеќе течности, со што добивате чувство како да сте како надуен балон. Покрај тоа и визуелниот вишок на килограми. Избегнувајте сол. Јадете многу овошје и зеленчук.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ТЕСТЕНИНИ

Држете се настрана од пецива и тестенини. Кога ќе ги намалите вашите јаглехидрати, го терате вашето тело да ги троши оние кои веќе се наталожени во вашето тело. Со тоа губите на тежина.

Пополнете ги јаглехидратите со јајца за појадок и сендвичите правите ги со едно парче леб.

НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Ако чувствувате надуеност и имате гасови, тоа значи дека не сте толерантни кон лактозата. Повеќето возрасни луѓе не се. Ова значи дека вашето тело не може добро да вари млечни производи и доведува до надуеност. Избегнувајте млечни производи или консумирајте ги оние кои се без лактоза.

ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ СО ПОМАЛКУ ФРУКТОЗА

Ако јадете овошје со помалку овошен шеќер, вашиот стомак подобро ќе го свари. Шумските плодови содржат многу помалку шеќер, па така може да ги комбинирате со грејпфрут. Можете да пробате и со сушено овошје. Тоа помага на варењето на храната и истерувањето на непотребно наталожените работи во цревата.

НАМАЛЕТЕ ГО АЛКОХОЛОТ

Пробајте една недела да не испиете ниеден алкохолен пијалак, ниту газиран сок. Ќе се зачудите колку ќе ослабите! Алкохолните пијалаци содржат многу калории, а само една чаша е доволна за да уништи еднонеделен тренинг .

ВЕЖБАЈТЕ СЕКОЈ ДЕН

Нема потреба секој ден да одите во теретана. Фитнес тренинзите комбинирајте ги со џогирање или брзо одење. Дури и прошетката е подобра од седење пред телевизорот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement