Овошје и сирење
Овој појадок е идеален избор ако немате многу време наутро. Во прастична кеса ставете јаболко, исецкајте неколку парчиња сирење и ставете неколку ореви.
Тост со путер од кикирики
Две лажички путер од кикирики намачкајте ги на тост од цели житарки и ќе добиете одличен оброк полн со протеини и влакна. За додатна количина на влакна, додајте малку суво грозје.
Крофна и чоколадно млеко
Изберете празна крофна и немасно чоколадно млеко. Хранливите влакна можете да ги додадете така што ќе изедете и четвртина шоља бадеми или пак суво грозје.
Шејк од јагоди
Во блендер ставете ги јагодите и немасното млеко. По желба додајте и банана, а шејкот можете да го направите и претходната вечер, но немојте да заборавите да го чувате во ладилник.
Сладолед со житарки
Како што знаеме, житарките со млеко се идеален појадок. Наместо млеко, можете житарките да ги ставите во сладолед од ванила или во замрзнат јогурт. Додајте мало количество свежо овошје за доза на витамини и влакна.

You must be logged in to post a comment Login