Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

5 навики кои ги прават вашите гради виснати

За жал, виснатите гради се проблем кој ниедна жена не може целосно да го избегне, а зависи од генетиката, возраста и доењето. За среќа, може барем да се контролираат некои од причинителите кои ја забрзуваат таквата појава.

Доколку не сакате многу скоро да си ги видите градите свиснати, подобро е да се ослободите од некои навики.

Екстремни диети

Пет килограми повеќе или помалку најверојатно нема да ви направат никаков проблем, но јо-јо ефектот од 20 килограми, сигурно ќе ви влијае. Кога и да се здебелите или ослабете, ткивото на вашите гради се растегнува како ластик и станува сè полабаво.


Пушење

Негативните последици од оваа нездрава навика најмногу ќе се одрази на вашите бели дробови, а веднаш потоа и на кожата. Поради намалената количина на кислород кој доаѓа до кожата, дури и најмалата количина од димот на цигарите  предизвикува нејзино слабеење и стареење.


Заборавање на заштитата од сонцето

Изложувањето на кожата на УВ-зраците без нанесување заштитен фактор, предизвикува истегнување на колагенот, а со тоа и предвремена појава на брчки. За жал, ниту кожата на градите тука не е исклучок.


Градници со недоволна потпора

Без разлика дали е во прашање седење дома или потење во теретана, гравитацијата е гравитација. Колку  повеќе градите се креваат горе-долу, толку кожата на нив и колагенот се истегнуваат. Затоа ви е потребен градник со добра потпора.


Интензивен тренинг

Некои стручњаци тврдат дека со интензивниот тренинг се врши голем притисок на градите, со што се предизвикува оштетување на колагенот. Но, пред да се откажете од трчањето, добрата вест е дека со соодветна спортска облека, проблемот може значително да се ублажи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement